Свет

Ирачкиот Парламент донесе резолуција: Американските војници да ја напуштат земјата

Ирачкиот Парламент донесе резолуција со која се повикува Владата во Багдад да побара од американските трупи трајно да ја напуштат земјата.

Ирачкиот Парламент ја повика Владата да го откаже „повикот за помош испратен до коалицијата предводена од САД“.

Резолуциите на Парламентот, за разлика од законот, не се обврзувачки за Владата, но се верува дека ова веројатно ќе се земе предвид.

Како што беше најавено, на вонредната седница присуствуваше и ирачкиот премиер Адел Абдул Махди, кој ја иницираше резолуцијата.

– И покрај внатрешните и надворешните тешкотии што ги имаме, тоа е најдобрата одлука за Ирак, рече Абдул Махди.

Одлуката е донесена по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани, командант на иранската елитна единица Кудс, во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бајден има најголеми шанси да се трка со Трамп на следните избори

saso user

Трамп: Бидејќи имаме многу позитивни на ковид-19 побарав помалку тестирања

saso user

Кадлоу: На САД не и се заканува втор бран од пандемијата на коронавирусот

saso user