Балкан

Словенија: Невработените месечно ќе добиваат државна помош од 530 евра

Од петокот во Словенија стапуваат во сила новите правила за финансиска помош за невработените. Меѓу другото, се зголемува паричниот надоместок што ќе го добиваат оваа категорија граѓани. Досега на невработените им следуваше помош од 350 евра, а со новиот закон таа се зголемува на 530 евра месечно.

Исто така, според измените, сега странците со регулиран престој во Словенија, а не се државјани на земја членка на ЕУ, за да бидат впишани во регистарот на невработени ќе треба да достават и потврда за основно познавање на словенечкиот јазик. Тие, пак, што седржавјани на земја членка на ЕУ, ќе треба да посетуваат курс по словенечки јазик и лично да се пријавуваат на огласи за работа.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Уапсен џихадист во Грција

saso user

Србин со нож нападнал семејство во Италија, таткото се обидувал да ги заштити сопругата и ќерките

saso user

Бремената снаа монструозно ја убила свекрвата во Србија поради ручек

saso user