Свет

Пакет со бомба го затвори граничниот премин „Обрежје”

Веќе неколку часа поради сомнителен пакет е затворен меѓународниот граничен премин „Обрежје” на хрватско-словенечката граница. Според првичните информации се работи за откриен пакет, што откако бил прегледан на скенер, полицијата се посомневала дека е бомба, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Лицето кое сакало да го пренесе пакетот веднаш е приведено, а на граничниот премин се повикани специјализирани екипи од словенечкото Министерство за внатрешни работи да го прегледаат пакетот и да утврдат за што точно се работи.

Според локалните медиуми во овие моменти граничниот премин е затворен во двата правци.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ФОТО: Стадо диви коњи мирно пасе покрај пат во близина на Сараево

saso user

Рускиот премиер Мишустин оздраве од ковид-19 и се врати на работа

saso user

„Чао корона“: Масовно и без заштитни мерки жителите на Прага се збогуваа со ковид-19 (ВИДЕО)

saso user