Мода

„Вог“ одлучи: Ова се најдобро облечените жени во 2019 година ФОТО

Модерната принцеза Меган Маркл, контроверзната пејачка Леди Гага и ар-ен-би дивата Ријана се најдоа на самиот врв на листата за најдобро облечени жени кои во изминатите 12 месеци нè инспирираа со своите модни комбинации.

Најпознатиот моден магазин на светот „Вог“, или „модната Библија“, како што често го нарекуваат, и годинава го анализираше стилот на познатите личности, а посебна задача било да издвојат дами кои со модниот вкус се издвојуваат од другите.

Помеѓу многуте ѕвезди, на престижната листа на „Вог“ се најде и прекрасната војвотка од Сасекс Меган Маркл која одамна стана препознатлива по безвременската класика, префинетоста и едноставноста во својот изглед.

И оваа година „Вог“ ја избра Леди Гага како една од најдобро облечените дами. Најголем впечаток од сè убедливо остави виолетовиот фустан на модната марка „Валентино“ кој Гага го носеше на доделувањето за Златниот глобус, а креацијата се смета за најдобриот фустан кој имавме прилика да го видиме во 2019 година.

Во топ 10 заврши и Ријана. Музичката ѕвезда позната по својот ексцентричен стил заслужи пофалби за придонес во „уличната“ мода. Пејачката лансираше луксузна линија од брендот „Фенти“, а сепак успеа да го задржи својот препознатлив изглед. Најдобри модни моменти имаше во зелената модна комбинација на „Фенти“, дизајнирана специјално за неа, која ја носеше на доделувањето модни награди во Лондон.

Помеѓу најдобро облечените дами се најдоа Наоми Кемпбел, Зои Кравиц, Лупита Нјонго, Џема Чан…

FOTO: Instagram/Printskrin

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Анѓела Јакимовска прогласена за Miss best body на Мис Европа- поради корона вирусот изборот се одржа без публика

saso user

Кои грешки ги правите при лакирање на ноктите?

saso user

Џенифер Лопез и Алекс Родригез рекламираат очила за сонце

saso user