Урбани вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески се без конкретни планови за младите и ништо не презеле за подобрување на положбата на младите во Охрид

СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески се без конкретни планови за младите и ништо не презеле за подобрување на положбата на младите во Охрид.
Младите се срамат од СДСМ и Георгиески и не им веруваат затоа што и во 2019 година ветувањата за младите останаа нереализирани.
Самиот градоначалник Георгиески тоа го потврди велејќи: „Од овој кризен менаџмент што јас го работам во изминативе неколку месеци, од исплаќање долгови, пазари, диви градби, не остана баш многу време за младите“.
Ако е така тогаш како СДСМ и Георгиески ќе се потрудат да ги реализираат активностите и работите за младите коишто ги предвиделе во Програмата?
И 2019 година е при крај, а сѐ уште нема Локална младинска стратегија.
Младите во Охрид останаа без Канцеларија за млади и воопшто не се вклучени во донесување на одлуките на локално ниво.
Младите се излажани затоа нема никаква трага од Младинскиот културен центар, а најмалите ги оставивте без Детскиот културен центар.
Со Георгиески нема проекти за едукација, професионална надградба и личен развој на младите.
За жал младите не добија ништо од унапредувањето на инфраструктурните услови наменети за поминување на слободното време и занимавање со спорт.
Повеќе од две години младите чекаат организирање „месец на спортот“ и бесплатно користење на просториите на спортските клубови додека трае месецот на спортот.
СДСМ и Георгиески само ја влошуваат состојбата на младите и ја зголемуваат младинската невработеност, истакнаа од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид на денешната прес-конференција.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ТИМОНИЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

saso user

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СООБРАЌАЈНИЦАТА НИЗ ПОРАНЕШНАТА КАСАРНА

saso user

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРОТ И ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ НА БУЛЕВАР „ТУРИСТИЧКА“

saso user