Досие Македонија Топ вести

(факсимили) „Сестрата газдарица“ со закани, Владата го позлатила со над 5 милиони евра „Авто Сервис Раде“ ДООЕЛ Теарце?!

Сложните „калугери“ ,Владата на РСМ, надлежните министерства, Царинската Управа на РСМ, Службата за заеднички работи на Влада на РСМ, Државен Универзитет „Гоце Делчев“ -Штип и други, секој ден дебело се омрсувале со народните пари на граѓаните на Република Македонија и го наградувале „Авто Сервис Раде“ ДООЕЛ Теарце?

Фаталната привлечност кон  „Авто Сервис Раде“ ДООЕЛ Теарце, буквално имале сите државни институции во Република Македонија, нема државна институција од која не се омрсил дебело  „Авто Сервис Раде“ ДООЕЛ Теарце ?1

В’чера МВР се обиде да демантира голема вистина, која и самата МВР во испратениот Демант до редакцијата ОхридСкај, потврдува дека си работеле, но не го оспоруваат ниту фактот дека, „Авто Сервис Раде“ ДООЕЛ Теарце работел нестручно, неквалитетно, имало големи поплаки од вработените во МВР кон  „Авто Сервис Раде“ ДООЕЛ Теарце, но МВР цели 2 години дозволила да  „Авто Сервис Раде“ ДООЕЛ Теарце штанца Фактури, кој се исплаќаат од народни пари, за нестручно и неквалитетно работење ?!

„Авто Сервис Раде“ ДООЕЛ Теарце заработил тешки милиони народни пари за нестручно работење?!

Доколку се погледнат податоците на Министерството за финасии на РСМ, а кој се јавно достапни на Апликација: „Отворени финасии“, линк ТУКА , ќе може јасно и прецизно да ги видите сите плаќајна на надлежните министерства , Образовни иснтитуции, други државни институции, кој во изминатите две години ,исплатиле ,како што кажува МВР во ниниот Демант, за нестручнои неквалитетно работење над 5.000.000 евра народни пари ,на „Авто Сервис Раде“ ДООЕЛ Теарце?!

Се поставува прашањето, како тоа автомеханичарска работилница, со само 6 вработени, од кои еден вработен е Наставник по Македонски Јазик  има само двајца автомеханичари, но затоа „Авто Сервис Раде“ ДООЕЛ Теарце има запослено и Медицинска сестра? Која е улогата на Медицинската сестра во сервисирањето на возилата? Дали Медицинската сестра Тина Анѓелкоска Смилевска, им давала на расипаните возила Инфузии, или штанцала само фактури, оставаме да си провери Обвинителството за Организиран Криминал и Корупција, но и Антикорупциската Комисија на Македонија….

„МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА „ГАЗДАРИЦА“ ТИНА АНЃЕЛКОСКА СМИЛЕСКА, СО ЗАКАНИ КОН „ОХРИДСКАЈ“…

Синоќа по објавениот текст на ОхридСкај: „МВР и Владата на РСМ да дадат одговор за криминалните тендери со „Авто сервис РАДЕ“ од с.Теарце и како го збогатиле за над 4 милиони евра?!“, редакцијата Охридскај, во инбокс на социјалната мрежа фејсбук, доби пораки со непристојни содржини, од лицето Тина Анѓелкоска Смилевска. Редакцијата ОхридСкај, јавно ги објавува Принтскрин од преписката со дотичната „газдарица“.

Недоличниот однос на „газдарицата “ на „Авто сервис РАДЕ“ од с.Теарце, јавно ги објавуваме, од причина, што, ниту од некого сум се плашел или сум му дозволил да навлегува во уредувачката политика, а ниту во иднина ќе дозволам било какви обиди за замолчување на новинарите и редакциите. Никој не може да биде над законите, секој треба да си понесе соодветна одговорност.

Продолжува – Министерството за одбрана го позлатило „Авто сервис РАДЕ“ од с.Теарце.

Во прилог, дел од исплати на државни институции кон нивната фатална привлачност и неизмерна патриотска љубов кон „Авто сервис РАДЕ“ од с.Теарце, податоци од Апликација „Отворени финасии“, за останато отворете го Линкот, многу нешта ќе постанат појасни!

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Грабежи, тепачки, измами, биле пријавени во МВР во последните 24 часа

saso user

Извадок на дел од дневни настани на МВР за ден 03.10.2019 година

saso user

Јанева заврши во Шутка со Боки 13 и Кичеец

saso user