Досие Македонија Топ вести

(факсимили) МВР и Владата на РСМ да дадат одговор за криминалните тендери со „Авто сервис РАДЕ“ од с.Теарце и како го збогатиле за над 4 милиони евра?!

Нов скандал со над 2.000.000 евра народни пари ја тресе МВР. Доколку се погледне апликацијата „Отворени Финасии“, извесна фирма „Авто Сервис РАДЕ“ од село Теарце општина Тетово, буквално штанцувал фактури за извршени услуги, сервисирање на возила во сопственост на МВР?! Она што го дознаваме официјално за фирма „Авто Сервис РАДЕ“ од село Теарце општина Тетово, истиот има вработено 6 вработени, од кој само две лица се со образование Механичар, додека во сите шест вработени Сервисот „Раде“ од Теарце, вработил и Наставник по макеоднски јазик?!

Според достапноста на алатката „Отворени финасии“ јасно може да се увиде, дека фирма „Авто Сервис РАДЕ“ од село Теарце општина Тетово, го одржувал целокупниот возен парк на МВР од лесни возила, па се до возила за специјални намени?! Како се успеало носител на Јавна набавка на МВР за одржување и сервисирање на севкупниот возен парк, да ја добие фирма со шест вработени, од кои 4 лица немаат соодветна автомеханичарска наобразба и тоа две години по ред да има монопол во таа работа, останува да одговорат од МВР?!

Во прилог извод од регистар на АВР на РМ(Кликнете за зголемување)

Доколку се погледне Алатката „Отворени финасии“ јасно може да увидите дека, оваа фирма „Авто Сервис РАДЕ“ од село Теарце општина Тетово, две години набилдала милиони на својата сметка од МВР, додека сите Оддели на МВР се жалат на неисправност на возилата, а никој не презема ништо?

Клиенти на фирма „Авто Сервис РАДЕ“ од село Теарце општина Тетово биле и Генералниот секретаријат на Влада на РСМ, Министерството за Одбрана, Министерството за информатичко општество и други министерства и државни јавни претпријатија на РСМ. Според алатката Отворени финасии, јасно може да се увиде, дека фирма „Авто Сервис РАДЕ“ од село Теарце општина Тетово бил омилен тендерски соработник на владата предводена од СДСМ и ако не исполнувал соодветни со закон пропишани услови?!Живот за сите или за поединци??

МВР на РСМ и владата на РСМ должни се да дадат одговор на следните наводи:

  1. Како е возможно фирмата Авто Сервис Раде ДООЕЛ с.Теарце –Тетово, со Матичен број :6513638, која има само 5 (пет вработени) од кој само еден (1) механичар, еден директор, еден материјален книговодител, една Медицинска сестра и еден магационер –ИТ техничар, да биде носител трета година на јавна набавка –Одржување и сервисирање на возен парк на МВР и пловни објекти сопственост на МВР?
  2. Според Министерството за финасии –Алатка –Отворени финасии, јасно и недвосмислено се гледа, дека МВР на РСМ до сега на фирмата Авто Сервис Раде ДООЕЛ с.Теарце –Тетово, исплатило над 1.500.000 евра, на име сервис и држување на возен парк на МВР на РСМ и, ако јавно и јасно се знае дека фирмата носител на набавката, НЕ ГИ ИСПОЛНУВА ОСНОВНИТЕ УСЛОВИ предвидени со Закон за Јавни набавки?
  3. Која е улогата на началничката на одделение за Јавни набавки во одделот Општи и заеднички служби Андријана Савеска Павловска, која се повикувала дека набавката е дадена по ваша наредба и партиски морало да биде така ?!
  4. Исто така, прашуваме, зошто е издадена забрана за сервис на возилата од марката Дачија, истите да ги сервисира фирмата Авто Сервис Раде ДООЕЛ с.Теарце –Тетово, како и зошто споменатата началничка барала од други сервиси и вршела влијание, да тие за име и сметка на фирмата Авто Сервис Раде ДООЕЛ с.Теарце –Тетово, вршат поправки на споменатите возила?
  5. Колку возила, нови се вон употреба од експертското сервисирање од страна на фирмата Авто Сервис Раде ДООЕЛ с.Теарце –Тетово?

Во прилог дел од уплатите според акатката „Отворени Финасии“:

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ѓурѓај му јa врачи почесната награда „Илинден”на поранешниот претседател Иванов

saso user

Шест лица повредени во сообраќајка во тетовско, возачот немал дозвола

saso user

Владата со усоглсен став настапува пред Венецијанска за законот за јазиците

saso user