Балкан

Србија на избори две седмици по нас

Парламентарните, покраинските и локалните избори во Србија ќе се одржат во законскиот рок, на 26 април, а ќе бидат распишани на 8 март, пишува „Политика“.

Иако последниот датум на кој може да се распишат избори е 3 мај, раководството на Српската напредна странка (СНС) овој термин не го разгледува затоа што, речиси повеќе од извесно е, дека поголем број граѓани ќе ги спојат првомајските празниците со викендот и некои гласачи нема да бидат дома.

– Имаше две можности – изборите да бидат закажани за 19 април и седум дена подоцна, а кога ќе се погледне календарот, лесно беше да се види зошто изборите ќе се одржат на 26 април. Велигден е на 19 април и тешко беше да се верува дека на тој ден, оние кои се религиозни ќе прифатат да излезат на гласање, изјави претставник на Претседателството на СНС.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Атина до Тирана: Пописот 2020 ќе покаже дали се почитуваат правата на малцинствата

saso user

Рибари во Грција уловиле ајкула тешка 330 килограми ФОТО

saso user

Дачиќ: Сакаат бесплатно да се лечат и учат во Србија, а кога ќе се вратат доле велат јас сум Црногорец

saso user