Македонија Топ вести

Демант на МВР , нема криминал во работењето со „Сервис Раде“,Охридскај да го повлече објавениот текст!

До редакцијата ohridsky.com , пристигна Демант од МВР на РСМ , а во врска објавениот напис на редакцијата под наслов : (факсимили) МВР и Владата на РСМ да дадат одгвоор за криминалните тендери со „Авто сервис РАДЕ“ од с.Теарце и како го збогатиле за над 4 милиони евра?!“ .

Демантот испратен од страна на МВР на РСМ преставува во целост конфузен , не етички , спротивен на Законот за информирање, цензуристички , посебно во делот ,каде господата од МВР во својот Демант ,бараат тесктот да биде повлечен од страницата на ohridsky.com . Од кого и да е испратен ,ниту од свети МВР, правовто да уредуваат и цензурираат текстови , нема да му биде овозможено.Тоа не го дозволував ниту во 12 годишната анархија на Гордана Јанкуловска , нема ниту сега,а ниту во иднина,вистината колку да ги боли ,преставува вистина и ништо повеќе ,а ниту помалку.

Во дел од демантот на МВР испратен до редакцијата „ОхридСкај“ ,МВР ќе изнесе клеветнички методологии во смисол , цитираме:„невистините објавени на порталот „Охрид скај“ за наводни криминални тендери со фирмата „Авто сервис Раде“ во кој се изнесени низа невистини и, согласно законот, бараме да биде објавен овој демант и повлечен текстот кој изобилува со невистини“!?

За кој невистини кој ги објавил „ОхридСкај“ говори МВР во својот демант , кога во ситиот тој испратен Демант, даваат дополнително информации за точни информации кој ги Објавила редакцијата „ОхридСкај“. Имено, во својот Демант МВР ќе истакне ,цитираме : „Имено, точно е дека МВР од причини на крајна итност потпишала договор за одржување и сервисирање на возилата со пет фирми, меѓу кои е и оваа, но поради непочитување на рамковната спогодба, по претходно изречени опомени поради нестручно и неквалитетно сервисирање на службените возила на МВР, Секторот за набавки, менаџмент и логистика го раскина договорот со „Авто сервис Раде“. Министерството за внатрешни работи спроведувајќи го Годишниот план за јавни набавки во 2019 година на МВР бр.18.1-3859/1 од 16.01.2019 година со акт бр.18.2.4-599/1 од 13.11.2018 година и техничката спецификација бр.18.2.4-698/1 од 19.12.2018 година од Одделението за возен парк, возила и механичарски работилници започна со спроведување на отворена постапка за склучување на рамковна спогодба за доделување на договори за набавка на Услуги за одржување и поправка на возила.“.Доколку редакцијата ОхридСкај , објавила невистини за работењето на МВР,како што сака да толкува МВР, тогаш ,истите тие ,во испратениот демант до редакцијата “ОхридСкај“ потврдуваат ,дека МВР од причини на крајна итност потпишала договор за одржување и сервисирање на возилата со пет фирми, меѓу кои е и оваа, но поради непочитување на рамковната спогодба, по претходно изречени опомени поради нестручно и неквалитетно сервисирање на службените возила на МВР, Секторот за набавки, менаџмент и логистика го раскина договорот со „Авто сервис Раде“. Министерството за внатрешни работи спроведувајќи го Годишниот план за јавни набавки во 2019 година на МВР бр.18.1-3859/1 од 16.01.2019 година со акт бр.18.2.4-599/1 од 13.11.2018 година и техничката спецификација бр.18.2.4-698/1 од 19.12.2018 година, со што ги потврдуваат наводите објавени од страна на „ОхридСкај“.

Останува да виси отворено прашањето ,кога тоа Секторот за набавки, менаџмент и логистика го раскинало договорот со „Авто сервис Раде“, на кој датум , дали тоа се случило пред 14 дена од кога редакцијата ОхридСкај побара информација од МВР за договорот со фамозниот „Сервис Раде“ од село Тарце-Тетово и кога истакна дека до редакцијата ОхридСкај испратени се сознанија за големи реакции од припадниците на МВР во врска со нестручното работење и сервисирање на возилата во Авто сервис „ Раде“, посебно од Р.Ц „Запад“ при МВР на РСМ?

Исто така виси без одговор и прашањето за каква „   крајна итност потпишала договор за одржување и сервисирање на возилата со пет фирми“ , зошто не била спроведен официјална и транспарентна Јавна набавка од страна на Секторот за набавки, менаџмент и логистика при МВР на РСМ,а се склучувале договори со непосредни спогодби со пет авто сервиси низ Македонија ?! Не е одговорено , ниту која е улогата на „шефицата “ -раководител во одделение за јавни набавки при МВР Андријана Савеска Павловска,при склучувањето на ваквите спогодби ?!

Останува да виси основното прашање на која МВР во својот демант нема споменато ниту еден збор?!

До колку МВР на РСМ го раскинала договорот со „Авто Сервис Раде“ од село Теарце,како што тврдат од МВР,дека по претходно изречени опомени поради нестручно и неквалитетно сервисирање на службените возила на МВР, Секторот за набавки, менаџмент и логистика го раскина договорот со „Авто сервис Раде“, тогаш кој ќе ја надомести настаната штета , кој средства се исплатени ,како што тврди МВР , на правен субјект ,кој извршил нестручно и неквалитетно сервисирање на службените возила на МВР?!

Зошто одговорните лица од МВР ,не поднеле соодветни тужби за надохнада на штета предизвикана од нестручно и неквалитетно сервисирање на службените возила на МВР?? Зошто не поднеле кривична Пријава против Авто “Сервис Раде“ за нестручно и неквалитетно сервисирање на службените возила на МВР, од едноставна причина , што неисправност на возилата на МВР кој ги сервисирал „Авто Сервис Раде“ , можеби ја намалиле опертивната моќност на МВР во борбата против криминигонетите елементи во држават , посебно во делот кој го опфаќа делувањето на граничните линии  на Регионалниот Центар Запад при МВР на РСМ ? Зошто никој не понесол одговорност?!

Крајно, финасиските податоци ,објавени во сторијата на „ОхридСкај“ , се превземени од Алатката „Отворени финасии“ при Министерство за финасии на РСМ.Доколку Министерството за финасии објавило лажни податоци на Алатката „Отворени финасии“ , тогаш би се извинале на граѓаните на Македонија , што сме верувале во истото министерство за финасии на РСМ.

Во прилог , согласно Закон за информирање , го објавуваме испратениот официјален Демант од МВР на РСМ:

-„ Демант

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира невистините објавени на порталот „Охрид скај“ за наводни криминални тендери со фирмата „Авто сервис Раде“ во кој се изнесени низа невистини и, согласно законот, бараме да биде објавен овој демант и повлечен текстот кој изобилува со невистини. Имено, точно е дека МВР од причини на крајна итност потпишала договор за одржување и сервисирање на возилата со пет фирми, меѓу кои е и оваа, но поради непочитување на рамковната спогодба, по претходно изречени опомени поради нестручно и неквалитетно сервисирање на службените возила на МВР, Секторот за набавки, менаџмент и логистика го раскина договорот со „Авто сервис Раде“. Министерството за внатрешни работи спроведувајќи го Годишниот план за јавни набавки во 2019 година на МВР бр.18.1-3859/1 од 16.01.2019 година со акт бр.18.2.4-599/1 од 13.11.2018 година и техничката спецификација бр.18.2.4-698/1 од 19.12.2018 година од Одделението за возен парк, возила и механичарски работилници започна со спроведување на отворена постапка за склучување на рамковна спогодба за доделување на договори за набавка на Услуги за одржување и поправка на возила. Но, бидејќи оваа јавна набавка беше неуспешна, а до повторувањето на постапката мораше да се обезбеди редовно сервисирање на возилата, спроведена е постапка со преговарање без претходно објавување на оглас согласно член 99 став 1 точка 1 алинеја 3 од Законот за јавни набавки и на тој начин во март 2019 година е склучен договор со пет фирми, меѓу кои и „Авто сервис Раде“, бидејќи Министерството не може да се доведе во состојба да не може да ги извршува своите редовни работни задачи, а истите се поврзани со користење на моторни возила. Но, поради неисполнување на обврските од страна на оваа фирма, договорот со неа е раскинат“, стои во Демантот испратен од МВР на РСМ.

С.Д.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Претседателот Пендаровски ja прими амбасадорката на Република Турција, Тулин Еркал Кара

saso user

Тупураинен: Европа има обврски кон Западен Балкан

saso user

Заев : Пораката е примена! Упатив АПЕЛ до функцонерите да бидат достапни до граѓаните. Но некои летнаа во облаци

saso user