Балкан

Курти и Мустафа денеска на нова средба во обид да формираат влада

Лидерите на двете победнички партии на октомвриските парламентарни ибори во Косово, Албин Курти на Движењето Самоопределување (ВВ) и Иса Мустафа на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), заедно со членови на партиските раководства, ќе се состанат денеска, во нов обид да постигнат договор за формирање на идната косовска влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата, по синоќешната средба на Курти и Мустафа, ја потврдија шефовите на пратеничките групи на двете партии во последниот собраниски состав, Глаук Коњуфца (ВВ) и Авдулах Хоти (ЛДК), нагласувајќи дека во двата табори постои оптимизам оти договор ќе се постигне.

Обајцата најавија интензивирање на средбите на партиските раководства во наредните денови, со цел да се надминат и последните разлики во ставовите околу идната структура на власта.

– Денеска имавме долга и конструктивна средба за размена на ставовите за сите позиции околу договорот кој се очекува да се постигне меѓу нашите два субјекти. Се согласивме да ги продолжиме средбите на дневна основа, се додека не ги затвориме преговорите – изјави Хоти.

Неговиот собраниски колега од редовите на ВВ рече дека утрешниот состанок „не би се случил доколку немаше приближување на позициите меѓу двете партии“.

– Токму поради тоа што видовме напредок во нашите позиции во правец на постигнување договор се согласивме нашите средби во иднина да бидат почести. И токму од таа причина ние утре повторно ќе се состанеме и ќе продолжиме од таму каде што застанавме – изјави Коњуфца.

Пред продолжувањето на средбата на работните групи, лидерите на двете досега опозициски партии за денеска свикаа седници на партиските претседателства. ВВ соопшти дека Курти ќе го собере Претседателството во 9 часот, додека од ЛДК објавија дека Мустафа ја свикал седницата за во 11 часот.

До застој во преговорите меѓу двете партии, кои започнаа веднаш по објавувањето на првичните резултати од гласањето на 6 октомври, дојде откако ЛДК истапи со барање да ја преземе функцијата претседател на државата, откако во април 2021 година ќе му заврши мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи.

Конститутивната седница на новиот, седми по ред, состав на Собранието на Косово, претседателот на државата, Тачи првично ја свика за 24 овој месец, а вчера ја промени својата одлука и го помести датумот за 26 декември. Тоа е последниот законски рок за одржување на седницата, со оглед дека конечните резултати од гласањето на вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври Централната изборна комисија на Косово ги објави на 27 ноември,

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Хрватскиот премиер Пленковиќ очекува тврда кохабитација со Милановиќ

saso user

Почина дете од Србија по пад од седми кат

saso user

Пејачот Мирослав Шкоро ќе се кандидира за претседател на Хрватска

saso user