Сцена

Сценаристот на „Пријатели“ откри зошто Фиби и Џои никогаш не завршиле заедно ФОТО

Многумина од обожавателите на култната серија „Пријатели“ биле среќни што нивната хероина завршила во брак со Мајк, но некои од нив денес упорно тврдат дека нејзиниот избраник би требал да биде Дејвид.

Некои пак, никогаш не ја преболеле идејата дека би требало да се вљуби во Џои.

Еден од сценаристите на „Пријатели“, Дејвид Крејн тврди дека ниту ним не им било лесно да ги изберат.

– Имавме опција за Фиби да заврши со Дејвид. Двајцата би биле фантастични партнери и со неа одлично се согласуваа. Многу се предомислувавме. Не се сеќаваме добро како дојде до идејата за Мајк, но можеше сето тоа да биде поразлично. Фиби би била одлична со кој било од нив – раскажал тој за „Радио тајм“.

Во серијата, Фиби беше многу вљубена во Дејвид, но нивната врска „пукна“ кога тој се пресели во Русија. Неколку години подоцна, одлучен повторно да ја освои па ја запроси, но на крајот Фиби го избрала Мајк.

Сценаристот претходно открил дека опцијата за која многумина од фановите навивале, Фиби да биде со Џои, од старт била отфрлена затоа што во тој случај сè би било „очигледно“.

– Сè би било премногу очигледно. Имавме цел ликовите да ги задржиме заедно и би било навистина лесно едноставно да ги споевме Фиби и Џои, но чувствувавме дека тоа би била грешка – објаснил тој за „Метро“.

FOTO: Screenshot/Youtube

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Орнела Мути ќе плати казна од 30.000 евра зашто вечерала со Путин

saso user

Горан Бреговиќ е „тежок“ 33 милиони евра, има 30-тина куќи и станови

saso user

Џастин Бибер повторно се ожени со Хајли Болдвин ФОТО

saso user