Македонија

Стерјовски од градоначалникот на Кукс побара подобри услови за живот за Македоците во Гора

Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција и пратеник во албанскиот Парламент Васил Стерјовски, заедно со потпретседателот на партијата за областа Гора, Сокол Докле престојуваа во северниот град Кукс и селото Борје, област Гора, населена со Македонци.

-На средбата со градоначалникот Сафет Ѓици разговаравме за состојбата во областа Гора населена со македонско население, која административно потпаѓа под општина Кукс. Од градоначалникот Ѓици побарав општина Кукс да се ангажира за подобрување на условите за живот во областа Гора, со конкретни инвестиции во патната инфраструктура, водовод и канализација, електричната енергија. Посебно го акцентрав прашањето за вклучување на Македонците од областа Гора во администрацијата на општина Кукс, изјави Васил Стерјовски за МИА.

Стерјовски и Докле оствариле средби со жители на селото Борје со цел одблиску да ги слушнат нивните проблеми.

-Ги чувме проблемите со кои се соочуваат жителите на Борје, едно од девете села од областа Гора, со цел како партија која се грижи за македонската заедница во Албанија, нивните проблеми да ги покрениме пред албанските институции, посочи Стерјовски.

Во селото Борје ја посетиле и деветолетката, во која настава следат околу 180 ученци, и од страна на директорот Невруз Мехмети биле запознати со образовниот процес во ова училиште и потребата од реконструкција на училишниот објект.

Во областа Гора распослани се девет села во кои живеат околу девет илјади Македонци.

МИА

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Да бидеш готвач денес е плус – девојчињата обожаваат готвачи

saso user

Кирацовски: Како пратеник во републичкото Собрание, изјавувам дека за ПОЖАРНИКАРИТЕ – ХЕРОИ, во форма на награда ги издвојувам моите месечни приходи

saso user

Боки 13 барал 2 милиона евра од бизнисменот Зоран Митровски

saso user