Сцена

Со кауција од 2 милиони долари, пуштен на слобода најголемиот холивудски предатор ВИДЕО

Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнштајн се согласи да понуди дополнително уверување дека нема да избега од случајот за сексуални напади. Уверувањата биле поднесени до обвинителите во Њујорк, кои се обидоа да ја зголемат кауцијата, откако тој, наводно, не носел електронска нараквица.

Обвинителите побараа кауција од 5 милиони долари за поранешниот холивудски продуцент, наместо првичните милион долари, но судијата Џејмс Бурк од Врховниот суд во Менхетен се согласи да го ослободи Вајнштајн со кауција од два милиони долари, објави Ројтерс.

Вајнштајн (67) користеше помагало за да влезе во судницата.

Неговата адвокатка, Дона Ротуно, рекла дека тој денеска ќе има операција на грбот. Судскиот процес е закажан за 6 јануари 2020 година, а Вајнстин би можел да се соочи со доживотен затвор, доколку биде осуден.

Вајнстинн се изјасни дека не е виновен за сексуален напад врз две жени, едната во 2006., а другата во 2013 година.

Тој, исто така, ги негираше обвинувањата за злоставување на десетина жени, велејќи дека со нив е постигната согласност.

FOTO Printskrin/Tviter

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Испливаа нови детали за кавгата помеѓу принцовите Хари и Вилијам

saso user

„Озборувачката“ се враќа на малите екрани!

saso user

Јована Јоксимовиќ за „инает“ се појави во проѕирна блуза во утринската програма ФОТО

saso user