Бизнис Македонија Топ вести

Охрид доби два нови хотелски споменици, се распаѓа А.Д. „Охрид Турист“ Охрид?!

Дали Охрид и Северна Македонија добиваат нови хотелски споменици, како продукт на приватизацијата на некогаш реномирано А.Д. „Охрид Турист“ Охрид? Од 1950 година, кога беше формиран „ОхридТурист“, а кој беше најголем туристички бренд во сегашна СРМ, па се до 2001 година, овој туристички конгломерат, ги поседуваше хотелите „Палас“ во Охрид, Комплекс „Летница“-Охрид, Комплекс „Ориент“ во Охрид, хотелите „Славија“ и „Орце Николов“ во елитната туристичка населба „Свети Стефан“, Хотелот „Десарет“ во Пештани, атрактивниот Авто Камп „Љубаништа“ крај Свети Наум, како и Авто кампот „Андон Дуков“ во месноста „Андон Дуков“. Ресторанот „Билјанини Извори“ кај каналот Студенчишта, како и Ресторан „Острово“ кај Свети Наум.

Капиталот на А.Д. „Охрид Турист“ Охрид, пред неговата приватизација, се проценуваше на над 30.000.000 Евра.А.Д. „Охрид Турист“ Охрид имаше во тоа време 290 редовно вработени лица, додека од месеците мај па се до месец Октомври, сезонски запослуваше над 500 граѓани на Општина Охрид.

Во 2001 година, во блок трансакција на Македонската Берза, за сума од некаде 2.5 милиони евра, се продаваат акциите на А.Д. „Охрид Турист“ Охрид, на фирмата М-6 во сопственост на тогашниот доминатен сопственик на А.Д. „Скопска Пивара“-Скопје, во содружништво со фирмата „Екстра Скопско“ Охрид и извесна фирма „Рија Комерц“Охрид, со што постануваат доминантни сопственици на А.Д. „Охрид Турист“ Охрид, или процентуално добиваат 75% од А.Д. „Охрид Турист“ Охрид.

Веднаш по превземањето на А.Д. „Охрид Турист“ Охрид, сега новите доминантни сопственици, ги тужат вработените акционери во А.Д. „Охрид Турист“ Охрид и бараат од нив да вратат 1.000.000 евра, по основ, што за време на приватизацијата на друштвото, акционерите за да ги купат акциите земале со одлука на Акционерско Собрание, кредит за откуп на акциите, а кој покасно преку блок трансакција биле продадени на сега новите сопственици М-6 во сопственост на тогашниот доминатен сопственик на А.Д. „Скопска Пивара“-Скопје, во содружништво со фирмата „Екстра Скопско“ Охрид и извесна фирма „Рија Комерц“Охрид.

Под притисок на моќ, корумпираните судови, донеле скандалозна пресуда, со кој секој акционер, вработен, ги задолжиле поединачно да вратат пари на друштвото  А.Д. „Охрид Турист“ Охрид, со законска затезна камата до конечна исплата, со што, новите сопственици  А.Д. „Охрид Турист“ Охрид, де факто и де јуре, го купиле за скандалозни 1.5 милиони евра.

Тогаш започнуваат и матните игри, кој ќе го превземе Тронот на  А.Д. „Охрид Турист“ Охрид, помеѓу самите доминатни сопственици. Започнуваат најнапред судски постапки помеѓу „Рија Комерц“ Охрид, против  А.Д. „Охрид Турист“ Охрид, М6 и Екстра Скопско-Охрид, кој добива епилог после 10 години во корист на М-‘ и Екстра Скопско, но не завршува алчноста тука.

Пред 1 месец доаѓа до жестока кавга помеѓу „Таткото“ (Свето Јаневски)и „синот“ (Кире Колевски), поточно до жолчна расправија. Резулататот од ваквата расправија следува затворање на Хотелот „Десарет“ и „Авто кампот Љубаништа“, кој  А.Д. „Охрид Турист“ Охрид ги издала под наем на фирмата на еден од доминатните сопстевници на  А.Д. „Охрид Турист“ Охрид  „Екстра Скопско“Охрид.поточно договорот за закуп кој бил склучен помеѓу  А.Д. „Охрид Турист“ Охрид и „Екстра Скопско“ се раскинуваат еднострано.Сите закажани аранжмани со странските тур оператори, свадби, крштевки и други новогодижни аранжмани и веселби, се откажуваат и се повикуваат истите од страна на сопственикот на „Екстра Скопско“ да им бидат вратени парите за закупените прослави и аранжмани.

Она што загрижува, претставува фактот, дека ниту Свето Јаневски како преставник на „М6, ниту Кире Колевски како преставник на „Екстра Скопско“Охрид, според некој си нивни акционерски договор, немаат право еден без гласот на другиот да издадат, продадат или инвестираат во одржување на објектите?! Ваквото поединечно право на доминантните сопственици, буквално ги затвора сите капацитети на  А.Д. „Охрид Турист“ Охрид, а тука страдат и малцинските акционери, но најповеќе штета претрпува Охрид како град. За напомена Хотелот „Палас“ во Охрид, сместен на атрактивна локација во центарот на Охрид, повеќе од 20 години претставува најголема срамота на Охрид, затворен со Тараби, во распаѓање, змијарник, а некогаш луксузен Хотел изграден според највисоки светски стандарди на познатите брендови „Шеретон“.

Дали сега некогаш бисерите на туризмот во Македонија, постануваат нови споменици на една криминална приватизација ?

С.Д.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ласовска до Заев: Дали заканувачот на полицајките е близок до градоначалник во Скопје?

saso user

Спасовски ги укина полициските „алфи“

saso user

МЗ: Првпат лицата со ретки болести имаат вистински третман од државата

saso user