Свет

Ништо ново од „браќата“ на исток: БАН – не постои македонски јазик

По вчершната седница во Софија, Бугарската академија на науките се огласи со став дека македонскиот јазик не постои и оти тој е „писмено-регионална норма“ на бугарскиот јазик. Македонската позиција е лажна, велат од БАН.

Со тврдењата дека постои македонски јазик се нарушуваат односите меѓу двете земји, оценуваат бугарските академици испровоцирани од Повелбата на Македонската академија на науките и уметностите од 3 декември. Бугарската академија на науките (БАН) вчера попладне усвои став сличен на оној на државниот врв во Софија искажан во декларацијата од октомври годинава, дека македонскиот јазик е наречје на бугарскиот, а придружните документи содржат и серија квалификации и навреди за македонскиот јазик.
„Главниот карактеристичен квалитет на нашиот заеднички јазик е неговата аналитичност- меѓу сите други словенски јазици само бугарскиот е аналитичен“, наведуваат од бугарскиот Институт. Македонскиот јазик е „бугарски, напишан на српска машина за пишување“, наведуваат од Институтот повикувајќи се на цитат на неименуван австриски лингвист.

Ставовите на бугарските академици се на линија на декларацијата која на 9 октомври годинава ја усвои бугарската влада, а ден потоа и парламентот во Софија. Во неа беа наведени серија услови и закани за блокада на Скопје на патот кон ЕУ, а, меѓу другото, беше акцентирано и дека во документи на ЕУ не смее да се споменува македонскиот јазик.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Поранешен банкар поврзан со Трамп изврши самоубиство

saso user

Полицијата со сино ги обележа „жолтите елеци“ во Париз

saso user

Во Шри Ланка екстрадирани околу 200 исламски свештеници

saso user