Свет

Во Валона блокирани 2,1 тони пилешко од Полска поради салмонела

Регионалната дирекција на албанската Национална агенција за храна во приморскиот град Валона, блокираше 2.130 килограми пилешко месо.

Од месото, што е потекло од Полска, веднаш по пристигнувањето земени се мостри и од анализата било утврдено присуство на салмонела (Salmonella Enterica Ser. Enteritidis).

Пратката прстигнала кај правен субјект што се занмавал со „трговија со млечни и месни производи“

– Кај субјектот прстигна пратка од 2.130 килограми непреработено пилешко месо, спакувано во картонски кутии во тежина од по10 килограми и замрзнато на -18 степени Целзиусови. По извршените анализи беше потврдено присуство на Салмонела“, информираа од албанската Национална агенција (АКУ).

Месото ќе биде унштено.

Во септември, во Драч агенцијата забрани увоз на 27 тони пилешко месо од Бразил, а наменето за албанскиот пазар откако беше констатирано дека е небезбедно за консумирање.

Кусо пред тоа беше забранет влез на вкупно 387,1 тони свинско и пилешко месо увезени од Бразил, Канада и Кипар и беа вратени назад во земјата на потекло. Од вкупната колична, 53 тони беа со крајна дестинација Косово.

Од поодамна албанската агенција за храна врши ригорозна контрола на месото бидејќи честопати трговците увезуваат месо што е проблематично за исхрана.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Беснеат пожарите во Сибир, прогласена вонредна состојба (ВИДЕО)

saso user

Путин, Меркел Макрон и Зеленски бараат решение за Украина

saso user

Гувернерката на Алабама потпиша: Животот е подарок од Бога

saso user