Свет

Војската на Нов Зеланд тргнува во опасна акција на извлекување на телата на загинатите од вулканот

Новозеландската војска денеска почна ризична операција во вулканот на Белиот остров за да ги извлече телата на осуммината загинати во ерупцијата и покрај предупредувањата дека островот сѐ уште е многу опасен.

Власта се најде под огромен притисок од семејствата на жртвите што поскоро да ги донесат телата. Полицијата одбила да учествува во акцијата поради ризик за безбедноста на својте припадници.

Мисијата треба да тргне од воениот брод кон копното, а тимовите ќе носат заштитни маски. Други детали не се познати.

– Шест тела се на видливо место, додека можноста да се најдат другите две тела е ограничена – рекол заменикот на полицискиот наредник Мик Клемент.

– Ризикот се уште е многу голем, вулканот на Белиот остров е многу непредвидлив и може повторно да еруптира – предупредиле експертите.

Агенцијата за геолошки науки процени дека шансите за ерупција во идните 24 часа е од 50 до 60 отсто.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Австралискиот премиер и одговори на Грета: Не сум фокусиран да ги импресионирам луѓето од странство

saso user

Мечката сакала да си поигра, туристите од страв се искачиле на карпа

saso user

Именувани еврокомесарите во новата Еврокомисија

saso user