Свет

Болсонаро мисли дека има рак на кожа

Претседателот на Бразил Жаир Болсонаро денеска изјави дека е можно да има рак на кожата.

Тој ова го изјави откако беше на лекар каде му биле отстранети бенки од увото.

Претседателскиот кабинет соопшти дека нема знаци оти Болсонаро има карцином и само потврди дека тој попладнето бил на лекар.

Претседателот е во добра здравствена состојба, без индикации дека има рак на кожата и продолжува со состаноците закажани за оваа недела, соопшти неговиот кабинет.

Болсонаро претходно изјави дека му било советувано да го откаже патувањето во Салвадор затоа што се чувствувал исцрпено.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Знамето најмногу го менувале САД и Авганистан

saso user

Потпретседателот на Турција му порача на Трамп: Нема да не уплашат заканите

saso user

Трамп прогласи вонредна состојба за заштита на телекомуникациските мрежи

saso user