Свет

Ја преживеале ерупцијата на вулканот, се вратиле да помогнат: Кожата им отпаѓаше

Еден од туристите кои го напуштиле островот пред ерупцијата били Геоф Хопкинс кој раскажал дека никогаш нема да ги заборави врисоците на повредените луѓе.

– Земи ме. Горам. Запален сум – се сеќава Хопкинс како викала една жртва.

Бродот на кој бил Хопкинс го напуштил Белиот остров нешто пред ерупцијата која се случила во понеделникот. На островот тогаш останале 47 лица.

Веднаш по ерупцијата, посадата на бродот одлучила да се врати на островот и да им помигне на повредените.

– Видовме луѓе во водата како пливаат што подалеку од островот – вели Хопкинс за CNN.

Хопкинс бил на излет со својата ќерка Лилани кога се случила ерупцијата.

– Донесоа 23 лица на бродот, имаа ужасни изгореници – рекол тој.

– Многу луѓе носеа куси панталони и маици така што им беа изгорени лицата, рацете, нозете. Кожата им отпаѓаше, им висеше од брадата, прстите – додал Хопкинс.

Посадата на бродот очајнички ги замолила сите туристи кои имаат познавање од медицина да помогнат. Хопкинс и ќерка му поминале обука од прва помош и тргнале да им помогнат на жртвите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кина тврди дека лекот „фавипиравир“ добро се справува со Ковид-19

saso user

ФПО се повлекува од aвстриската влада

saso user

Помпео: Мадуро имал спремен авион да кидне, Русите го премислија

saso user