Спорт

Наполи го отпушти Анчелоти

Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи на официјалната веб-страница го објави отказот на селекторот Карло Анчелоти.

Бркањето на тренерот доаѓа по синоќешната победа над Генк со 4:0 и обезбедениот пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

– Наполи реши да го отстрани тренерот на првиот тим Карло Анчелоти. Односите на пријателство и меѓусебно почитување меѓу клубот, нејзиниот претседател Аурелио Де Лаурентис и Карло Анчелоти остануваат непроменети – се вели во клупското соопштение.

Во Серија А, клубот од Неапол, по долгата серија без победи од средината на октомври, го зазема 7. место.

Кандидат за наследник на Анчелоти на тренерското место во Наполи е Џенаро Гатузо.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ограбена викендичката на Зидан во близина на Алмерија

saso user

Ибра му донесе победа на Милан

saso user

Познати четвртфиналистите во Копа Америка

saso user