Македонија Топ вести

Спрема ли СДСМ одложување на предвремените избори, закажани за 12-ти април?

Како што дознава редакцијата ohridsky.com , од извори блиски до претседателот на СДСМ и премиер на Владата Зоран Заев, во СДСМ преовладувала опцијата за одлагање на закажаните предвремени избори за 15-ти април 2020 година. Како што не информираат, причини имало мал милион, но се поставувало прашањето од типот како тоа добро да биде спакувано и изменаџирано внатре во Македонија пред народот, а и надвор пред странскиот фактор?! Единствена причина би била Ратификацијата за членство на Македонија во НАТО, од страна на Шпанија, зошто доколку парламентот на  Шпанија го ратификувала протоколот за членство во НАТО, наводно во Македонија по распуштањето на македонското собрание ќе немало кој да го ратификува?!

Реадкцијата стапи во контакт и со други лидери на партии од коалицијата предводена од СДСМ, кој ни потврдија, дека се разгледувала опцијата, да се одложат предвремените избори, поточно да се оди на редовни избори.

Она што брифираат изворите и од СДСМ, а и од коалициските партнери, не била причината ратификацијата на протоколот за прием во НАТО, туку причините се големиот пат на рајтингот на партиите на власт, случајот „Рекет“ кој ја дотолчил довербата во правдата во Македонија, голем број на неисполнети ветувања, непотизмот во власта, како и големиот број на афери кој произлегуваат од функциоенрите поставени од власта. Од дрга страна ниту Али Ахмети не давал никакви гаранции за пост изборно обезбедување на стабилно парламентарно мнозинство за формирање на Влада со СДСМ, туку напротив ДУИ и Ахмети имале се позачестени контакти и разговори со Мицковски и ВМРО ДПМНЕ, што додатно му создава главоболка на СДСМ. На Ахмети страшно му сметал негативниот став кон ДУИ на потпретседателот на СДСМ Зекири, нешто преку кое не можел да премине ниту Ахмети ниту тесното раководство на ДУИ.

И, СДСМ и на ДУИ, во овој момент не би му одговарале предвремени избори, додека надежта ја полагаат, дека до датумот за редовни избори, би можеле малку да го поткренат својот политички рејтинг!

Ќе има ли техничка влада и предвремени избори, прашање за милион долари?!

С.Д.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кривична за стружанец, без дозвола поседувал ловна пушка и муниција

saso user

Еден мртов и двајца повредени во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

saso user

Софија Куновска со жестоки критики: Вие никогаш не сте биле социјалдемократи!

saso user