Досие Македонија Топ вести

СКАНДАЛ: Градоначалникот на Охрид преку „Вибер“ во стил „Јас тебе Војводо, ти мене Сердару“, делел Повелби Свети Климент Патрон на Охрид?!

Скандалозно Скрнавење на името Светец Свети Климент Охридски, за тесно партиски, дворски игри, изврши Комисијата за одбележување празници и манифестации при Општина Охрид, секако со сесрдна поддршка на Градоначалникот Константин Георгиески.

ПРОТИВ ЗАКОНСКИ ДЕЈСТВИЈА НА КОМИСИЈА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ ПРАЗНИЦИ И МАНИФЕСТАЦИИ И ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА СО ПОТПИС НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ?!

На ден 05-11-2019 година Општина Охрид распишува „Конкурс за доделување на Општинска награда -Патронна градот „Свети Климент Охридски“, линк до објавата ТУКА.

Условите кој сами ги прекршиле, јасно ги пропишале: „ Наградата “Патрон на градот “Св. Климент Охридски се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето.Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат“, и тука започнува дворско-партиската игра и поигрување со сите вредности на Светецот Св.Климент Охридски?!

Дното на скрнавењето на името на светецот го прави Комисијата за одбележуање на празници и манифестации и доделување на награди и признанија , во состав  Советник и Професор Елеонора  Куноска – Претседател на Комисијата (СДСМ), Филип Јованоски -Советник-Член (ВМРО НП), Бесим Демиров-Член)Коалициски партнер на СДСМ, Дејан Шикоски – Член.

КОМИСИЈАТА НЕ ЗАСЕДАВА, ВИБЕР ПРЕПИСКА ОДЛУЧИЛА ПО НАПАСТВИЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ КОЈ ЌЕ БИДЕ ДОБИТНИК?

Како што дознаваме за доделување на Повелба Свети Климент Охридски -Патрон на Град Охрид, пристигнати биле Осум (8) апликации и еден Предлог. Во сите 9 номинирани, добитникот на Повелбата Свети Климент Охридски, ја добива „Црвен Крст Охрид -Планинарската спасителна служба“, која воопшто не била номинирана од ниту еден граѓанин на Охрид и пошироко, спротивно на јавно објавената ОДРЕДБА , каде јасно стои дека пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат. Но тоа не е се‘ за партиските скандали да бидат поголеми.

Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, под водтсво на Професор Елеонора Куновска, во својство на претседател на комисијата, воопшто не се ни состанала во полн состав, за да донесат одлука ?! Тие со членовите на комисијата комуницирале преку Апликацијата „Вибер“? Така членот на комисијата Филип Јованоски, по наводен претходен договор со градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, разменувале пораки во некоја си нивна група на апликацијата „Вибер“, и како што на „Вибер“ од Скопје членот на комисијата Филип Јованоски, во кординација со градоначалникот Георгиевски, дале нов предлог за добитник на Повелба Свети Климент – Охридски, да биде прогласен „Црвен Крст Охрид -Планинарската спасителна служба“, за која во законскиот рок немало ниту една апликација?!

„Црвен Крст Охрид -Планинарската спасителна служба“, постои само 4 месеци, истата беше предмет на точка на советот на Општина Охрид, кога по предлог на Градоначалникот Константин Георгиевски, советниците требаше да одлучат да им дадат 200.000 Евра, како неповратна помош на Општина Охрид, нешто што наиде на остра критика на македонската јавност, па така ваквата криминална точка од дневен ред, беше и срамно повлечена од страна на градоначалникот Георгиески.

Но од како не успеаа да им дадат 200.000 евра, успеаа на криминално-шверцесрки начин да ги закитат со Свети Климентова Повелба, онака за срамот да им биде поголем, па така претседателот на Комисијата, сама ја потпишала одлуката во име на сите советници, членови на комисијата и секако експресно ја објавија на Веб страната на Општина Охрид.

И минатата година, истата комисија, во ист состав, повторно шверцерски, против Статутот на Општина Охрид, и повторно на предлог на Советникот _Член Филип Јованоски, доделуваат Повелба, на ист начин, или криминалното однесување и скрнавење на ликот и делото на Свети Климент, овој шверцерско-криминален совет на Општина Охрид, го прави во сите свери, секако со краен потпис на Градоначалник Константин Георгиевски?!

ПОВРЗАНОСТ ПОМЕЃУ ЈОВАНОСКИ, ГЕОРГИЕВСКИ И ЦРВЕН КРСТ ОХРИД.

Позадина има во секоја одлука, кога е во прашање А.Д. „Охрид ТрчаТ“, Црвен Крст – Охрид и Општина Охрид, предводена од Константин Георгиевски.

Советникот Филип Јованоски е дел од „Охрид ТрчаТ“ кој во фискалната 2019 година од Буџет на Општина Охрид испадна Капитална Инвестиција на Општина Охрид, со доделени парични средства сопстевност на граѓаните на Општина Охрид од фантастични 9.000.000,оо денари. Овие средства Општина Охрид ги доделила на „ОхридТрчаТ“, спротивно на Закон, или на начин што од програмата -Уредување на пешачки патеки и улици, одземала 9.000.000,оо денари и ги пренаменила во програмата Спорт и млади.Секако пренамената на средствата се изврши од како тие веќе беа исплатени , со Ребаланс на Буџет,или првин даваме , после ќе покриваме?!

„Охрид Трчат“ има директна логистичка поврзаност со „Црвен Крст Охрид -Планинарската спасителна служба“, за потребите на „ОхридТрчат“, „Охрид Трајал“,и така во круг, а кој колку дели од силните парични средства, сите актери молчаТ?!

Во Охрид како да владее непишано правило, колку повеќе општински пари му се доделуваат на Црвен Крст Охрид, толку повеќе општиснки признанија, мора да им бидат доделени?!

Но градоначалникот Георгиевски, по онаа народната „Јас тебе Војводо, ти мене Сердару“, му удоволил на Филип Јованоски, да ја вработи неговата сопруга во „МЕПСО“А.Д. во државна сопственост, за што лично тој ургирал кај Секретарот на СДСМ и претседателот на СДСМ Зоран Заев, повикувајќи се на наводен некаков коалициски договор, секако за онака скромна платичка од над 50.000,оо денари. Но Константин, не би бил Константин, доколку претходно не го вработил и советникот Филип Петровски во компанијата Филип Морис-Скопје?

Господине Константин Георгиевски, Свети Климент Охридски развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и пофални зборови, но во неговото творештво преовладуваат поучителните слова, меѓу кои едно од попознатите Житија е Житието – ПОУКА ЗА БЛУДНИОТ СИН.

Крајно време е Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, да си ја преиспита одлуката, која е донесена вон Статут на Совет на Општина Охрид, одлуките на комисијата за одбележуање на празници и манифестации и доделување на награди и признанија и доделените на Повелби Свети Климент Охридски, да ги прогласи за ништовни, зошто само на тој начин, може да си ја испере и душата, а богами и совеста.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

РСБСП: Крајно време е да се променат навиките и културата во сообраќајот!

saso user

Возачи внимавајте, дожд помешан со прашина може да е фатален

saso user

Димитров му врати на Богдановиќ за навредата дека е идиот: Прочитав за кампања за миење раце

saso user