Свет

„Рајанер“ ги укинува летовите кон градовите од поранешна СФРЈ

Нискобуџетниот авиопревозник „Рајанер“ ќе ги прекине своите редовни летови од аеродромот во Стокхолм кон Бања Лука, Ниш и Подгорица поради затворање на своите бази.

Исто така, компанијата ги укинува и сезонските летови до Риека. Меѓутоа сезонските летови кон Задар остануваат и понатаму со оваа одлука.

Авиопревозникот објасни дека до затворање на базите доаѓа поради доцнење на испораката на авионите Боинг 737 макс, кои моментно се приземјени со одлука на регулаторните органи низ светот.

– Очекуваме да го намалиме капацитетот кон многу други дестинации и моментно разговараме со нашите луѓе, синдикатите, како и со аеродромите опфатени со оваа одлука, со цел да ги завршиме таквите помали редукции, соопшти авио компанијата.

„Рајанер“ кон и од аеродромот во Стокхолм превезувал околу 1,2 милиони патници годишно, што е околу половина сообраќај на тој аеродром.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Експлозија во трговски центар во Флорида, 20 повредени

saso user

По бомбардирањето Триполи остана без аеродром

saso user

Демонстрации низ САД против убиството на Сулејмани и испраќаањето војници на Блискиот исток

saso user