Балкан

Очаен татко продава бубрег за да ја спаси ќерка си, но хуман јутјубер со акција ги собра потребните пари

Очајниот татко Кемал Пехливановиќ од Босна и Херцеговина пред неколку дена на Фејсбук објави дека го продава својот бубрег за на својата ќерка Ламија да и’ го спаси животот. Таа, како што пишуваат медиуми во БиХ, е родена со срцева мана, поради што се хранела преку сонда, а проблемот можел да се реши со операција во САД за која биле потребни 13.500 евра.

Таткото ги немал тие пари, па понудил на продажба свој бубрег. Но, од тој ризик го спасил еден од најпознатите јутјубери во БиХ, Амир Хаџиќ, кој на својот Јутјуб-канал почнал хуманитарна акција. Само за четири часа обезбедил 10.000 евра, кои веднаш потоа му ги предаде на загрижениот татко, Кемал.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Партиски препукувања во Грција за гласањето на Грците во Велика Британија на евроизборите

saso user

Албанската полиција има сознанија за можни нападни на утрешниот протест

saso user

Турција забрани летови за Северна Македонија и уште за 45 држави

saso user