Македонија

Македонски државјанин киднапиран во Тирана, му барале 250.000 евра, но полицијата го спасила

Албанската полиција уапсила две лица под обинеие дека во Тирана вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин, кому му барале 250.000 евра.

Судија на претходна постапка им одредил мерка притвор.

Во рамки на полициската акција „ Lake“, уапсени се Алберт Џ.(41), и Сокол М. (42), жители на Тирана, додека од слобода ќе се брани Суби Е.(50) жител на Струга, Македонија.

– Тројцата граѓани во соработка еден со друг кај планината Фарка,во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана, го киднапирале македонскиот државјанин Давор В.(23). За да го ослободат, под закана со оружје, барале сума од 250.000 евра, пренесуваат полициско соопштение албанските медиуми.

Досието е доставено до Јавното обвинителство во Тирана за понатамошно постапување.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Со закон ќе се решава проблемот на околу 5.000 лица без документи

saso user

Утре започнува Вевчанскиот карневал

saso user

Анагностопулу: Договорот од Преспа донесе помирување и стабилност на Балканот

saso user