Спорт

Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Естер Ледечка победи на првиот спуст кај дамите за Светскиот куп во ски-алпските дсциплини. Скијачката од Чешката Република, која исто така се натпреварува во сноубординг, заврши на првото место на патеката во Лејк Луис за 1:31.87 минути и ја освои својата прва победа од Светскиот куп.

Ледечка се запиша во историјата како прв олимписки шампион и во скијање и во сноубординг, а сега е прва со победа во Светскиот куп во двата спортови. 24-годишната Чехиња стартуваше со 26. број и го направи најдобро спуштање при тешки временски услови. Обилните снежни врнежи на Лејк Луис ги принуди организаторите да го одложат почетокот на трката за еден час.

Швајцарката Корин Сутер беше втора со 0,35 секунди заостанување, а Австријката Стефани Фениер заврши со 0,45 секунди зад победникот. Трикратната освојувачка на Светскиот куп, Микаела Шифрин, беше само 10-та. Во генералниот пласман, Шифрин води со 366 поени, а потоа следат Мишел Гизин (Швајцарија) 160, Петра Влахова (Словачка) 138 и други.

Пласман во спуст во Лејк Луис:
1. Естер Ледечка (Чешка) 1: 31,87 минути
2. Корин Сутер (Швајцарија) 1: 32.22
3. Стефани Фениер (Австрија) 1: 32.32
4. Викторија Ребензбург (Германија) 1: 32.53
5. Нина Ортлиб (Австрија) 1: 32.53
6. Софија Гоџа (Италија) 1: 32.56

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Фудбалерите на Реал под притисок, никој не знае кој ќе се прости со тимот

saso user

Формула 1 сака трка во Африка

saso user

Реал нуди многу за да го земе Пол Погба

saso user