Тој, во приватна објава на Твитер во јули 2018 година, го нарекол британскиот спелеолог „педофил“.

На поротата вчера и требале 45 минути да донесе ослободувачка пресуда за милијардерот роден во Јужноафричката Република, пренесува „Ројтерс“.

Вермон Ансворт (63) го тужеше Маск заради клевета, поради кавга околу спасувањето на група од 12 деца и нивниот тренер од пештера на Тајланд.

Ансворт пред судот рекол дека заради тоа се чувствувал „понижено, засрамено и валкано“.