Балкан

Војската на Србија во Батајница ги претстави новите хеликоптери купени од Русија, на попуст

Српската армија денеска претстави нови хеликоптери купени во Русија, а српскиот претседател Александар Вучиќ кој присуствуваше на церемонијата на воениот аеродром во Батајница кај Белград, нагласи дека со набавката „значително се зголемени перформансите и можностите на ВС“.

Вучиќ рече дека новите хеликоптери Ми-35, Х145М и Ми-17 се набавени затоа што „значително е подобрена состојбата“ во државниот буџет и дека се набавени „со значителен попуст и олеснувања“ што руската страна и ги даде на Србија.

Вучиќ рече дека станува збор за најсовремени европски и руски хеликоптери и истакна дека тие летала ќе служат како чувари на Србија.

Русија ги испорача хеликоптерите неколку месеци пред истекот на рокот, а беа донесени во Белград со карго-авион на руската армија два дена пред средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи на 4 декември.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Денеска ќе се знае ќе има или не избори во Албанија на 30 јуни

saso user

Србија на избори две седмици по нас

saso user

Харадинај ги нарече политичките лидери на Косово измамници

saso user