Бизнис

Сугаревски: Струшко-охридскиот регион ќе се изземе од Законот за легализација

Законот за легализација е во владина процедура, очекуваме одредени мислења од ресорното министерство и ако тие мислења бидат обезбедени, во вторник ќе бидат на седница на влада, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски за телевизија Телма.

– Од среда па натаму очекувам законот да се најде и на собраниска седница и пред Нова Година да биде донесен. Нема сите видови на дивоградби да бидат опфатени во струшко-охридскиот регион. Тука има поврзаност и културното наследство. Во однос на легализацијата, овој регион ќе биде изземен. Не треба се и сешто да биде регализирано, не е тоа основната цел. Во овој дел треба да се легализира или да се урива. Се наоѓаме пред решавање на еден правен статус – изјави Сугаревски.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Златко Ќурчиевски назначен за нов директор на РЕК Битола

saso user

Поскапеа цигарите

saso user

Елези: Одлична реализација од нaд 65% на Проектот за подобрување на општински услуги

saso user