Сцена

Слушнете го новиот хит на „Ареа“, „Те спомнувам“ ВИДЕО

Популарната македонска музичка група „Ареа“ ја објави новата песна со наслов „Те спомнувам“, за која снимија и видеоспот.

Песната е целосно авторско дело на „Ареа“ со текст, музика, аранжман и продукција.

– Спотот е сниман на неколку локации во нашиот роден град Гостивар и тоа во Градскиот парк, Домот на културата и рок-барот „Пинк Флојд“, под режисерската палка на Кристијан Шемко – велат од групата.

Младите артисти кои го разубавија спотот и му дадоа посебна ведрина се: Ана, Маги, Лејла, Теодора, Виктор, Росица, Ема и Војкан.

ФОТО: Јутјуб/Скриншот

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Јелена Ѓоковиќ: Децата не се воспитуваат со ќотек, туку со нежност

saso user

Дали 17 ќе биде среќен број за Тамара?

saso user

Италијанската актерка Валери почина девет дена откако го прослави 100-тиот роденден

saso user