Македонија Топ вести Урбани вести

Осум пратеници во борба да го уништат Факултетот за информатички технологии во Охрид?!

Отворено писмо од студентите на Факултетот за информатички технологии во Охрид

На ден 13.11.2019 год. претходно споменетите пратеници, до Претседателот на Собранието на РМ поднеле предлог-закон за трансформација на Универзитетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство “Свети Апостол Павле” Охрид. По разгледување на предлогот од страна на Студенскиот Парламент (одговорен за застапување на правата и интересите на сите студенти при Универзитеот) забележано е дека:не постои правен основ на кој може да се изврши таков тип на трансформација како што е предложено во овој предлог-закон, наведениот предлог-закон предизвикува неколку месеци неактивност на универзитетот во целост, предлог законот не предвидува ниту еден факултет од областа на Компјутерските Науки и Инженерството, а со тоа се врши и повреда на стекнатите права на веќе запишаните студенти како и правна несигурност на идните генерации.

Најголема последица со овој предлог-закон би сноселе сегашните студенти кои се запишале на факултетите дел од Универзитетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство “Свети Апостол Павле” Охрид, а би завршиле како студенти на факултет за Применета Информатика и Хуманистика со што би го изгубиле статусот на инженери во целост.

Врз основа на оваа проблематика, Студенското Собрание при Универзитетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство “Свети Апостол Павле” Охрид достави Петиција против
предлог-законот до Собранието на РСМ, Владата на РСМ, МОН како и координаторите на пратеничките групи во Собрание, со прилог потписи како дел од петицијата, на сите студенти дел од студиите на овој Универзитет.

Причини кои се содржани во Петицијата против предлог-законот доставена до надлежните органи се:

-Директно прекршување на правото студентот редовно да напредува, да се образува и да го заврши студирањето под услови кои важеле при уписот;

-Не се предвидува ниту еден факултет од областа на Компјутерското Инжинерство;

-Трошоците за промена на индекси и студентска легитимација се на грбот на студентите;

-Затекнатите студенти на сите факултети и сите студиски програми на Универзитетот, продолжуваат со студирање на факултетот на Применета Информатика и Дигитална Хуманистика, што воедно е повреда на стекнатите права за студирање и дипломирање нафакултетите од подрачјето на информатичките науки;

-Празен период и неможност на студентите редовно да студираат, полагаат и дипломираат на овој Универзитет поради неопходен период за основање на матичната комисија, па се до именувањето на в.д. Ректор / в.д. Декан;

-Не постоење правен основ по кој се предлага овој закон. Основањето, вршењето на дејноста и престанокот на високообразовните установи се регулира со Законот за високото образование.

Тој закон не препознава категорија „трансформација“;

-Предлогот-закон не е заснован на претходна анализа, такашто нема доказ дека предложените студиски програми се потребни и атрактивни;
-Областа на компјутерски науки и инженерство е најбарана и најплатена во локалниот и глобалниот пазар на труд. Со овој предлог-закон се одзема правото на сегашните и идните студенти да студираат и да дипломираат на посакуваниот Универзитет/факултет;

-Во нашата држава има недостаток од ИТ кадри, а со предлог-законот еден технички Универзитет за компјутерски науки се предвидува да се трансформира во Универзитет со факултети за кои нема толкава потреба.

Упатуваме апел до повисоките органи кои се одговорни за гласање и донесување на овој закон, да го погледнат и испочитуваат нашето барање како најзасегнати и оштетени, да не го гласаат овој предлог-закон со кој би нанеле огромен број на последици на сегашните студенти како и на идните генерации.

Во прилог се наога линкот каде е даден официјалниот документ од предлог-законот https://sobranie.mk/materialdetails.nspx?materialId=9317f6dc-b3cf-461b-be84- c0086b986cfd&fbclid=IwAR1CFMz5W2B9Dd0mHbYd5IP296T1qxizT4IHDJMXEGJrx_zmSlmcT3SgUAs

Како и нашите петиции против предлог-законот упатени до Собранието на РСМ, Влада на РСМ,
МОН Доколку не биде прифатено нашето барање за отфрлање на предлог-законот ќе бидеме приморани да излеземе на масовни протести каде ќе ги вклучиме и медиумите.

Студенски Парламент при Универзитетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство
“Свети Апостол Павле” Охрид

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Локвенец: Опозицијата да гласа за Законот за одбрана

saso user

Заев: Очекуваме датум за преговори летово

saso user

Таневски: „Дома си е дома“ – ваучери за поттикнување на домашниот туризам

saso user