Бизнис

Манчевски: Вработувања имало и ќе има и немаат никаква врска со изборите

Вработувања имало и ќе има и тие се во согласност со годишните програми и потреби на институциите. Немаат никаква врска со изборите. Се работи за редовна активност што се случуваше и кога немаше најавено избори, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со новите огласи за вработување, Манчевски рече се работи за редовна активност што се случува секоја година и нема врска со најавените избори.

– Вработувањата ќе продолжат и во иднина и ова се случуваше и кога немаше најавено избори – истакна Манчевски, појаснувајќи дека на крајот на секоја година има раскинување на сите договори на определено време, бидејќи тие се планирани со буџетот за таа година, но оти за следната година доколку институциите имаат потреба, ќе бидат распишани нови огласи за вработување на определено време.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Општините не даваат отчет за потрошените пари на тендери

saso user

Виз ер Скопски маратон на 4 мај во Скопје, ќе има бесплатни групни тренинзи

saso user

Инспекторите ќе добијат зголемување на платите од 10 отсто следната година

saso user