Спорт

Лоши вести за Реал Мадрид

Еден Азар има повреда која е потешка отколку што се мислеше, па белгискиот фудбалер ќе паузира четири до шест недели, што значи дека ќе го пропушти гостувањето на Реал Мадрид кај Барселона на 18 декември.

Но, отсуството на Азар не е единствениот проблем за тренерот Зинедин Зидан. Наредните неколку мечеви ќе ги пропуштат и Марсело и Бејл. Тие не се дефинитивно отпишани за гостувањето кај Барса, но не е ниту сигурно оти ќе може да играат.

В сабота, Реал игра дома со Еспањол, а дилемата е дали да игра и Касемиро, кој е на еден жолт картон од суспензија. Ако Касемиро кој е клучен во средниот ред, добие картон, нема да може да игра на гостувањето кај Валенсија. Но, ако игра во Валенсија, ризикува таму да добие жолт, па да не игра против Барселона. 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мареј победнички се врати на „Вимблдон“

saso user

Фертонген започна преговори со Рома

saso user

Уапсен маж кој се претставувал како брат на Бушар, украл над 40 илјади долари

saso user