Македонија

Екологистите со дрон снимија 42 диви депонии во Долнореканскиот крај

Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот „Тритон“ од Ростуше, во соработка со НВО Инфоцентар денеска ги мапираше дивите депонии во Долнореканскиот крај, во националниот парк Маврово, и со дрон сними дури 42 депонии.

Идејата на целата акција, како што соопштува Инфоцентарот, е да се поттикнат властите на локално и национално ниво, надлежните институции и граѓаните, да најдат ефикасно системско решение за чистење на дивите депонии, а потоа напорите да се насочат кон превенција од создавање други диви депонии.

Депониите се лоцирани и снимени со помош на локалното население од селата Ростуше, Велебрдо, Битуше, Требиште, Видуше, Жировница, Врбјане, Јанче, Аџиевци, Присојница и Скудриње.

Инфоцентарот нагласува дека очекуваат поддршка од граѓаните во чистењето на дивите депонии, но и да ги сменат старите навики и да прифатат нови решенија со кои ќе се заштитат природните убавини на националниот парк.

Снимениот видео материјал им беше презентиран на претставници од општина Маврово и Ростуше, месните заедници, Националниот парк и од Јавното комунално претпријатие „Маврово“.

-За да се поттикне менувањето на навиките за фрлање отпад кај локалното население и за подигање на свеста за потребата од заштита на животната средина, во рамки на акцијата беа донирани и 40 канти за отпадоци, кои ќе бидат поставени во 10 населени места во Долнореканскиот крај, информира организацијата Инфоцентар.

Акцијата за мапирање на дивите депонии е реализирана во рамки на проектот „Активни граѓани за партиципативна локална демократија“, кој го спроведува НВО Инфоцентарот со финансиска поддршка од Меѓународниот центар „Улоф Палме“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ДИК утре на Пендаровски ќе му го даде своето мислење за изборите

saso user

Штип: Пет случаи на Ковид 19 потврдени во текот на вчерашниот ден , од утрово уште три

saso user

Час сонце, час облаци

saso user