Свет

Евакуирани 14 руски судови по алармот за поставени бомби

Судови во Москва и Санкт Петербург денеска беа евакуирани по анонимни дојави за поставени бомби.

Осум судови беа евакуирани во Москва – во окрузите Гагарински, Чертановски, Троицки, Лефортовски, Хорошевски, Тагански, Чериомушкински и Тимириазевски, додека во Санкт Петербург беа евакуирани шест судови – Градскиот и пет окружни, пренесе ТАСС.

Серија анонимни дојави почнаа минатата недела и сите се покажаа лажни.
Во Москва и Санкт Петербург, непознати лица бараа надомест во биткоини, но се утврди дека дојавите биле лажни. Откриено е и дека повиците доаѓале од странство, најверојатно од Украина.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Француската влада ќе го донесе законот за реформа на пензискиот систем без гласање

saso user

Седумдесетгодишен слон почина, бил теран да забавува туристи на Шри Ланка

saso user

Поради снежна бура се затвораат училишта во САД

saso user