Урбани вести

Во Ресен отворена меѓународна ликовна изложба „Мост”

Академските сликари од Турција Фатон Кријезиу, Али Синани и Шабан Олан заедно со ликовните уметници Нермин Чеман од Црна Гора, Немања Величковиќ од Србија и македонските сликари Крсте Шупев и Филип Новески, синоќа во ресенскиот Сарај изложија дел од своето уметничко творештво.

Меѓународната ликовна изложба „Мост” е одраз на автентичните култури во државите од каде гостуваат ликовните уметници во Ресен.

-Храмот на културата во Ресен е најдоброто место за размена на културни вредности. Секој посетиел забележува рефлексија на автентични култури и традиционални вредности кои ги врзува мост, рече меѓудругото Васко Василевски, директор на Дом на култура „Драги Тозија” на синоќешното отворање на изложбата „Мост” во Ресен.

Културниот настан се организира во соработка со Дом на култура „Иван Мазов Климе” од Кавадарци.

МИА

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОПШТИНА ОХРИД

saso user

Дебарца се сеќава на годишнината од формирањето на Првата Македонско-косовска ударна бригада

saso user

ИЗМЕНИ ВО ДЕЛ ОД СООБРАЌАЈНИОТ РЕЖИМ

saso user