Македонија

Арифи: Иванов со аболициите стори кривично дело кое не застарува

Со Одлуката на Законодавно-правната комисија веќе се утврдува дека кога Ѓорге Иванов ги носел одлуките за помилување, немал правен основ да го прави тоа, ако кога некој на јавна функција носи одлуки без да има правен основ, тоа е кривично дело на злоупотреба на положбата и тоа е кривично дело кое не застарува и нема никакви пречки сега да се побара одговорност од Иванов, порача универзитетската професорка Беса Арифи на трибината „Правда наместо амнестија”, во организација на СДСМ.

Арифи истакна дека предметите отворени од Специјалното јавно обвинителстви мора да продолжат и да се забрзаат затоа што тоа е важно за правдата.

– СЈО не е еден човек кој сега можеби е обвинет во кривична постапка и тоа нема да ги избрише или укине делата за кои СЈО покрена обвиненија. Добро е што предметите преминаа во редовните обвинителства и што се работат од обвинители од СЈО. Не треба да се губи ниту ден ниту час за тие процеси да добијат правна разрешница. Бидејќи задоцнета правда е нереализирана правда, гледаме сите дека има случи кои застаруваат, обвинети и осудени кои бегаат од државата – порача Арифи.

Колку повеќе случаите ќе се одолговлекуваат, толку повеќе ќе се ибегнува правдата и затоа обинителите и судовите треба да сторат се за да има што побрза правна разрешница, заклучи Арифи, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Гостиварeц силувал дете на невенчаната сопруга, му се заканува затвор од 12 години

saso user

Ќе го славиме ли Цар Самуил неработно заедно со Бугарите ?

saso user

Нови рочишта за „Монструм”, „Маџар Телеком” и „Т.Н.Т.”

saso user