Сцена

Џастин Тимберлејк ѝ се извини на сопругата по скандалот со колешката

Џастин Тимберлејк ѝ се извини на својата сопруга Џесика Бил, по објавувањето на фотографиите на кои ја држи за рака колешката со која во моментот снима филм.„Многу погрешив пред неколку недели“, напиша 38-годишниот актер и пејач на Инстаграм.

Тимберлејк исто така рекол дека „ништо не се случило“ помеѓу него и актерката Алиша Вејнрајт.

Папараците ги фотографираа Тимберлејк и Вејнрајт во ноември. Двајцата се држеа за рака, се забавуваа и пиеја со уште неколку луѓе на балконот на зградата во Њу Орлеанс.Тимберлејк и Вејнрајт го снимаат филмот „Палмер“ во кој глумат вљубена двојка.„Се обидов да не бидам предмет на озборувања колку што можев, но заради моето семејство чувствувам потреба да кажам нешто, бидејќи заради озборувањата, тие се чувствуваат повредени“, напиша Тимберлејк.

„Испив премногу таа ноќ и ми е жал за моето однесување. Не смеев да го сторам тоа. Ова не е пример што сакам да го дадам на мојот син “.

Џастин е во брак со 37-годишната актерка Џесика Бил од 2012 година и имаат четиригодишен син Силас.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Македонски „Анонимуси“ го хакнаа официјалниот сајт на Дуа Липа

saso user

Џенифер Анистон и Анџелина Џоли се сретнале само еднаш во животот

saso user

Тамара со „Proud“ вечерва на сцената во Тел Авив

saso user