Здравје

Помалку шеќер во „Пепси“ и „Кока Кола“ и помалку реклами

Големите светски производители на безалкохолни пијалаци доброволно презедоа нови обврски за намалување на шеќерот и за ограничување на рекламирањето.

Според документот наречен Кодекс на доброволни обврски, се планира до крајот на 2024 година да се намали шеќерот во безалкохолните пијалаци за 10 проценти, да се воведат помали шишиња, односно помали од 500 милилитри, како и да има истакнато информации за составот на пијалакот.

Големите производители на безалкохолни пијалаци „Пепси“, „Кока Кола“ и други соопштија дека ќе го потпишат Кодексот.

Додека производителите на руска територија ќе го ограничат рекламирањето на безалкохолни пијалаци односно нема да се рекламираат на телевизија, радио и во печатените медиуми, а исто така нема да се делат бесплатни пијалаци во близина на училишта и градинки.

Продажбата на газирани безалкохолни пијалаци во период од октомври 2018 до септември 2019 година е намалена за 4,9 отсто, а продажбата на пијалаците без шеќер е зголемена за 21,6 проценти.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Зошто сексот за „лека ноќ“ е многу подобар од сексот за „добро утро“

saso user

Благотворен еликсир за белите дробови

saso user

Во кои земји живеат и што јадат стогодишниците?

saso user