Здравје

Здружението „Храбро срце“ доби лидер

Новоформираното Здружението на пациенти со механичка циркулаторна потпора на работата на срцето „Храбро Срце” на денешната изборна седница го избра Даниел Тодоровски за нов претседател на Здружението.

Тодоровски информираше дека Здружението има за цел на пациенти со механичка циркулаторна потпора на работата на срцето да си помагаат едни со други и преку усогласени ставови да ги претстават нивните барања пред државните структури.

– Пациентите кои се во терминален стадиум на срцева слабост до пред една година немаа никаква можност за преживување. Благодарение на одобрувањето од Министерството за здравство и Фондот за здравство се овозможи да се реализира програмата за механичка циркулаторна потпора за третман на пациентите во терминален стадиум на срцева слабост. Досега на девет пациенти им е продолжен животот и засега сме успешни во тоа – нагласи  Тања Анѓушева, кардиолог во Клиниката „Жан Митрев“.

Таа изрази надеж дека и во иднина докторите ќе бидат способни да им помагаат на уште многу други пациенти, кои, како што рече, за жал се млади.

Директорот на државната Кардиохирургија Сашко Јовев рече дека пациентите и докторите на некој начин треба да ја популаризираат програмата за механичка циркулаторна потпора за третман на пацинетите во терминален стадиум на срцева слабост, со цел да ја има за поголем број луѓе и да биде поусовршена.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Семоќните витамини од групата Б: Дали знаете во кои производи ги има најмногу?

saso user

Работите од дома? Ако се плашите од вишок килограми, еве како да го спречите тоа!

saso user

Рецепт за џем без шеќер што се прави за неверојатни 10 минути

saso user