Спорт

Ван Бастен избришан од „Фифа 20“ поради нацистички поздрав

Холандскиот фудбалер Марко ван Бастен е избришан од видеоиграта „Фифа 20“, поради нацистичкиот поздрав кој го изговори во живо на холандската телевизија „Фокс спортс“.

Ван Бастен работи како коментатор на ТВ. Пред извесно време, во еден миг помисли дека неговиот микрофон е исклучен и на крајот од разговорот со тренерот на Хераклес, Германецот Франк Вормут, Холанѓанецот дофрли „Зиг хајл”.

Микрофон беше вклучен и неговиот поздрав го чу цела холандска, па и светска јавност. Легендарниот фудбалски напаѓач веднаш се извини, а неговата ТВ-куќа го суспендираше на една недела, и неговиот хонорар беше дониран на Институтот за истражување на војната, Холокауст и геноцидот.

По сè тоа, раководството на производителот, издавач и дистрибутер на видеоигри – „Електроник Артс” (ЕА) го избриша ликот на Ван Бастен од „Фифа 20“.

„Со нашата видеоигра промовираме рамноправност и почитување на различностите. Поради тоа, го повлекуваме ликот на Марко ван Бастен“, соопшти ЕА.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ново име во редовите на шампионот: МЗТ Скопје обезбеди нов потпис

saso user

„Зегин“ обезбедува два автобуси за навивачите да ги дочекаат шампионите

saso user

Ливерпул го помина Манчестер јунајтед по борјот на трофеи

saso user