Сцена

Руската кралица на модата ги шокираше сите: Ми преостануваат уште 7 месеци од животот ФОТО

Мирослава Дума (34), една од најбогатите Русинки, на Инстаграм откри сè за борбата за живот. Дума е една од првите руски блогерки и основач на порталот Биро24/7. Таа открила низ што поминувала откако ѝ дијагностирицале ретка белодробна болест и ѝ дале само седум месеци од животот.

„На почетокот на годинава ми дијагностицираа ретка болест на белите дробови и ми дадоа уште седум месеци од животот. Беше страшно, но сега кога ќе се сетам на тоа, сфаќам дека тие неколку месеци од опоравувањето ми беа најсреќни во животот. Одеднаш „забавив“ и сфатив колку го сакам животот, колку е прекрасен нашиот свет и колку сакам да останам тука. Со луѓето кои ги сакам. Првпат во животот ја гледав убавината на небото и прекрасното зеленило во природата. Како претходно да живеев на друга планета. Се будам среќна бидејќи жива сум овде“, напишала Мирослава и додала како претходно била опседната со лајкови и прифаќање во вистинскиот, но и во виртуелниот свет.

„Во последните две години универзумот ми испрати случајности кои денес ми изгледаат речиси неверојатни – како глупавите грешки кои ги направи мојот адвокат, поради кои порано ми ја дијагностицираа болеста и поради што добив шанса за живот“, се присетила таа.

Многумина се шокирале од оваа нејзина исповед.

„Мила моја Мира, се обидувам да напишам коментар, но твојата приказна е толку емотивна и искрена што не можам ништо да кажам“, гласел еден од коментарите.

Image result for miroslava duma

FOTO: Instagram/Printskrin

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пронајдена мртва ирска манекенка по шифрирана порака на Фејсбук

ohrid_user

Почина реге музичката легенда Пет Кели ВИДЕО

saso user

Џастин Бибер повторно се ожени со Хајли Болдвин ФОТО

saso user