Здравје

Природен сјај и побрз раст: Малите промени во исхраната ќе ја направат косата да изгледа фантастична

Здравата, сјајна и негувана коса е цел на скоро секоја жена, поради што повеќето посегнуваат кон различни производи за нега.

Но, дерматолозите не потсетуваат дека храната која ја јадеме е основа за здрава и сјајна коса.

После триесетите години, растот на вашата коса постепено ќе се забавува. За да го спречите ова, вклучете намирници богати со протеини, железо, витамини А, Б, Ц, Д и Е, омега-3 масни киселини, цинк, селен и магнезиум.

Дерматолозите советуваат вашата исхрана да ја збогатите со јаткасти плодови, бидејќи истражувањата покажуваат дека омега-3 и омега-6 масните киселини можат да помогнат во намалување на опаѓањето на косата и подобрување на растот на косата. Покрај тоа, јаткастите плодови се богати со витамин Б и Е, магнезиум и цинк, што ќе спречи опаѓање и кршење на косата и ќе ја направи повеќе сјајна.

Лососот, харингата, туната и сардините се богати со протеини, витамин Д, омега-3 масни киселини и други компоненти кои ќе ја зајакнат вашата коса. Добра опција се и школките кои се богати со цинк, кои вашата коса ќе ја направат погуста и бујна.

Во вашето мени додадете и спанаќ, хранлива состојка богата со железо, но и јајца, кои се одличен извор на протеини кои се важни за здрава коса и нејзин раст.

Грашокот е исто така важна намирница бидејќи е богат со протеини, железо, цинк и биотин кои го поттикнуваат растот на косата. Во недостаток на биотин, косата станува тенка и кршлива.

Менито богато со црвено месо и темно зелен зеленчук, ќе ја направат вашата коса поздрава, како и лути пиперки, компири, моркови и грчки јогурт.

Извор: denar.mk

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Три производи прават чудо за белите дробови, ако сте пушач, мора да го јадете ова!

saso user

Како да препознаете лажно маслиново масло во продавниците?

saso user

Како со помош на чудотворна билка да се откажете од цигарите

saso user