Сцена

Мис Украина го тужи натпреварoт Мис на светот бидејќи ја дискриминираат како мајка и разведена жена ФОТО

Поранешната Мис на Украина Вероника Дидушенко, која беше исклучена од натпреварувањето за „Мис на светот“ бидејќи е мајка и е разведена, денеска соопшти дека поднела тужба во Лондон против таа организација поради дискриминација.

-Барам промена на правилата, рече 24-годишната Дидушенко, откако на социјалните мрежи почна кампања #righttobemother (право на мајчинство).

-Причина што не ми беше дозволено да учествувам во изборот за „Мис на свет“ по победата за „Мис Украина“ во 2018 година е тоа што сум била мажена и имам дете, изјави Дидушенко, мајка на петгодишно момче.

Таа вели дека според британскиот закон, политиката за учество во натпреварувањето за „Мис на светот“ е дискриминаторска по повеќе основи, вклучувајќи брачен статус, бременост и мајчинство.

Според правилата за натпреварување, учесничките не смеат да бидат мажени и не смеат да имаат деца.

Дидушенко од истите причини веќе беше дисквалификувана од натпреварувањето за „Мис Украина“.

– Не сакам да ми дадат круна, туку сакам „Мис на светот“ и другите меѓународни натпреварувања за убавина, кои изгледа заглавиле во Средниот век, да ги укинат сите ограничувања за да станат вистински репрезентативни за сите жени – истакнала Украинката.

Организаторите на Мис на светот, што ќе се одржи на 14 декември во Лондон, сè уште не одговорија на нејзините обвинувања.

FOTO: Instagram/Printskrin

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Познатиот холивудски „секс-стројник“ почина на 96 години

saso user

Настапот на Тамара на Евровизија со над милион прегледи

saso user

Четврта сопруга по ред: Денис Квејд се ожени со 39 години помлада девојка

saso user