Бизнис

Косово излезе од енергетскиот пазар на Србија

Косовските и албанските електродистрибутери КОСТТ и ОСТ потпишаа договор во Тирана за воспоставување заеднички енергетски систем кој ќе стави крај на децениската зависност на Косово од мрежата за електрична енергија во Србија, јавуваат косовските медиуми.

Договорот е потпишан со знаење на Европската мрежа на оператори на електропреносниот систем (ЕНТСО) и се очекува да стапи на сила во април 2020 година.

Официјален Белград сѐ уште нема коментар.

Извршниот директор на КОСТТ, Илир Шала рече дека со потпишувањето на договорот „Косово ќе се оттргне од Електромрежа на Србија (ЕМС) и ќе стане дел од ОСТ“.

– Ова е историски договор за Косово и КОСТТ, затоа што досега, како КОСТТ, ние бевме дел од регулаторниот блок на ЕМС (Србија, Црна Гора и Северна Македонија). Со потпишувањето на договорот и негово спроведување во април 2020 година, ние дефинитивно ќе се одвоиме од српскиот регулаторен простор и стануваме дел од регулаторниот блок со Албанија – рече Шала.

Генералниот директор на ОСТ Скерди Дренова рече дека договорот „создава поволни услови за оптимално користење на производните ресурси во рамките на блокот“, јавуваат косовските медиуми.

Србија и Косово потпишаа договор за управување со заедничката електро мрежа во 2015 година, но договорот никогаш не стапи во сила. Двете страни ја присвојуваат мрежата на Косово, изградена додека Косово беше дел од Србија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Finance Think: Зголемувањето на минималецот ќе формализира дел од платата во плико

saso user

Безбедна храна од фарма до трпеза само кај 20 компании во земјава

saso user

Се намалува невработеноста на младите

saso user