Македонија

Извадок на дел од дневни настани на МВР за ден 03.12.2019 година

На 02.12.2019 околу 22.00 часот во тетовско Боговиње, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(27) од тетовска Голема Речица и В.С.(34), И.В.(21) и А.Е.(23), тројцата од Тетово, затоа што при нивен и преглед на возилото „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајо, против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

На 02.12.2019 во 10.40 часот во близина на река Негорчанка, на граничната линија помеѓу Р. Грција и Р.С. Македонија биле лишени од слобода Ј.О.Ф.С.(29), С.Ф.Ј.(32) и Ј.А.Х.С.(32), сите од Куба, поради незаконско преминување на граничната линија. Лицата се предадени на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

На 03.12.2019 во 05.30 часот во Полициската станица Тетово бил задржан Р.С.(31) од Тетово, кој претходно бил приведен на Граничниот премин Ќафасан, а по кого била распишана централна потрага за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на 02.12.2019 на подрачјето на СВР Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека еден возач управувал возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени три возачи, затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и четири возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се три возачи поради недавање првенство на минување на пешаци и еден возач поради неправилно престигнување. Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден 66 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

На 02.12.2019 во 17.00 часот во Полициска станица Аеродром, М.И.(39) од Скопје, пријавил дека на велосипедска патека на кејот на реката Вардар бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

На 02.12.2019 во 13.10 часот на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај с.Зајас се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „киа рио“, со охридски регистарски ознаки управувано, од А.И.(45) од Струга и товарно моторно возило „форд транзит“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Ф.(34) од с.Колари. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во товарното моторно возило, А.А.(21) од с.Зајас, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

На 02.12.2019 во 17.30 часот, во Полициска станица Карпош, Ј.С.(31) од Скопје пријавила дека на 30.11.2019 околу 14.00 часот на ул.„Иван Цанкар“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Полициски службеници од СВР Битола на 02.12.2019 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека тројца возачи управувале возило без возачка дозвола, а две возила биле нерегистрирани. Заштитен појас не користеле четири возачи, а други тројца возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото. За сите неправилности се издадени соодветни налози.

На 02.12.2019 во 06.50 часот на крстосница помеѓу бул..„1 Мај“ и ул.„Стив Наумов“ во Битола, патничко моторно возило ,,фолксваген поло“, со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(40) од Битола, удрило во пешакот Б.А.(33) од Битола. Во незгодата Б.А. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Битола.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Обвинителот бара сведокот да потпише што кажал денеска за утре да не рече „јас не го кажав тоа“

saso user

Нови 29 заболени од грип, вирусот циркулира во 9 градови

saso user

Цел ден облаци и ветер, некаде и дожд

saso user