Свет

Во протестите во Иран повеќе од 200 жртви

Најмалку 208 луѓе загинаа во интервенции на иранските безбедносни сили на протестите во таа азиска земја што почнаа по зголемувањата на цените на бензините. Ова, врз основа на најновите податоци, го тврди „Амнести интернешнел’.

Десетици жртви биле пријавени во градот Шахрирар во провинцијата Техеран, но не можеле да се понудат информации за локации во другите делови на државата каде што биле пријавени смртни случаи.

„Масовната употреба на смртоносна сила беше инструмент за задушување на протестите. Врз демонстрантите било стрелано и од хеликоптери“, изјави за „Ал Џезира“ Раха Бахреини, од „Амнести“ за Иран.

Иран, кој не даде детали за жртвите, претходно ги отфрли бројките на „Амнести интернешнел“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ова е најдобрата земја во светот за одгледување деца

saso user

Новинарка на „Монд“ повикана „на разговор“ од француските тајни служби

saso user

Слеп татко го носел синот инвалид на раменици за да го спаси од Доријан, водата му била до брадата

saso user