Бизнис

„H&M“ изнајмува облека за 37 долари за една недела

Шведската модна компанија „H&M“ почна со тестирање на услугата за изнајмување облека.

Таков чекор е преземен бидејќи модната индустрија се наоѓа на удар на жестоки критики поради отпадот и загадувањето во текот на производствениот процес.

Според њујоршката агенција „Блумберг“, потрошувачите можат во обновената главна продавница на „H&M“ во центарот на Стокхолм од минатиот петок да изнајмат облека на една недела за 350 шведски круни (37 американски долари).

Од шведската компанија најавуваат ширење на овој концепт и на другите пазари каде работи „H&M“.

Во тест-фазата, „H&M“ го ограничи изнајмувањето на колекција од 50 парчиња облека, но не можат сите купувачи да изнајмат облека бидејќи понудата се однесува само на членовите на лојалити програмата на компанијата.

„H&M“ ќе ги процени резултатите од пробниот концепт на работење за три мисеци, пред да направи натамошно ширење на таквата пракса.

– Силно веруваме во успехот на изнајмувањето, но сепак ќе ги испитаме реакциите на потрошувачите и ќе научиме повеќе за да воведеме подобрување и потребни промени, – изјави Даниел Класон, шеф на развојното работење во шведската компанија.

Модната индустрија е под се поголем надзор, бидејќи е одговорна за дури 10 отсто од глобалната емисија на штетни гасови со ефект на стаклена градина и троши повеќе енергија отколку воздухопловството и бродарството заедно, покажуваат податоците на ОН.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Убер“ исплаќа бонуси за таксистите во висина од 300 милиони долари

saso user

Се намалил бројот на милијардери во светот за 55 лица

saso user

Азески ќе дискутира за заедничките активности со делегација на Претседателството на БИХ

saso user