Македонија Топ вести

Собранието нема да ѝ одобри апанажа на Катица Јанева

Собранието нема да ѝ одобри апанажа на ексшефицата на СЈО и обвинета во случајот „Рекет“ Катица Јанева, потврдуваат за Плусинфо и од мнозинството и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Илија Димовски претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата вели дека предлогот за барањето на Јанева да ѝ се одобри апанажа многи скоро ќе биде ставено на  комисиска расправа и дека ќе предложи членовите на Комисијата да се изјаснат негативно. Јанева преку својата адвокатка Ирена Фрчкоска пред повеќе од еден месец до Собранието доставила барање за апанажа.

Димовски барањето на Јанева за апанажа ќе го стави на нова седница на Комисијата. Со тоа апанажата на Јанева нема да оди на седницата за избор на државен ревизор за да не заглави.

– Моја препорака ќе биде да го одбиеме барањето на Јанева за апанажа. Како прво таа не е избрана директно од Собранието. Собранието само ја предложи до Советот на јавни обвинители којшто ја избра. Собранието не треба да ѝ одобри апанажа на Јанева бидејќи таа е инволвирана во најголемиот скандал на правосудниот систем изминативе години и госпоѓата Јанева има само една граѓанска обврска во моментов, а тоа е да каже под чија насока и заштита ја злоупотребувала институцијата за финансиска и политичка злоупотреба во корист на луѓу од СДСМ – вели Димовски.

И пратеникотод СДСМ и член на Комисијата, Мухамед Зеќири ни изјави дека нема да одобрат апанажа за Јанева.

Станува збор за едногодишна исплата којашто им се дава на службениците по истекот на нивниот мандат.

Барање за надоместок од државата Јанева го поднела како поранешен именуван функционер.

Според законот за плати и надоместоци на избрани и именувани функционери, за остварување на правото на апанажа, потребно е функционерот да е невработен, а барањето да го испрати до собраниската архива еден месец пред истек на мандатот.

Јанева е во притвор од 21 август, кога беше уапсена како осомничена во случајот „Рекет“. Од Собранието беше разрешена на 14 септември, еден ден пред да ѝ истече мандатот.

Функционерите кои ги назначува Владата, Собранието и Претседателот имаат законско право да добиваат плата од државата и по завршувањето на нивниот мандат, најмногу до една година.

Доколку Комисијата и Собранието не одобрат апанажа тоа ќе значи дека Јанева месечно ќе изгуби по околу 70.000 денари или 840.000 денари годишно. Според законот за СЈО, платата на јавниот обвинител се определува во висина од 10 отсто пониска од платата на Јавниот обвинител на Македонија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Извадок на дел од дневни настани на МВР за ден 21.11.2019 година

saso user

Отворен патот за почеток на преговорите со ЕУ, Законот за ЈО не е услов

saso user

Се гасеа пожари во каменичко и беровско

saso user