Сцена

Скандал на улица: Бен Афлек за малку ќе ја удрел поранешната сопруга

лавната актерска двојка има три деца – ќерките Виолет (14) и Серафина (10) и синот Самуел (7) – и за сите нив се грижат заедно. Отсекогаш оставале впечаток во јавноста како родителите кои на прво место ја ставаат благосостојбата на своите деца, затоа што и покрај разводот, тие честопати беа гледани заедно со своите деца.

Сепак, дека идила не постои, го покажуваат најновите фотографии направени пред куќата на познатата актерка.

Двојката среде улица почнала жестока расправија. Се чинело дека Афлек сака да ја удри Џенифер кога замавналсо раката, а потоа налутен се повлекол.

Конечно, двајцата влегоа во Range Rover-от на Бен и тргнаа подалеку, но Гарнер беше фатена како седнува на возачкото седиште додека Афлек незадоволно седна на местото на сопатник. Со оглед на тоа што актерот беше снимен во пијана состојба минатата недела, иако веќе една година се опоравува од алкохолизам и други зависности, можеби овој пат го имаше истиот проблем.

Бен Афлек беше виден пијан на маскенбалот на УНИЦЕФ во Холивуд минатата сабота. Актерот се сопна и едвај одеше до автомобилот, а во еден момент скоро падна. Следниот ден, тој ја призна грешката, но рече дека сега е решен да се „исчисти“.

FOTO: Instagram/Printskrin

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Грција и Сан Марино најскржави во поените за извонредната Тамара ВИДЕО

saso user

Погледнете го новиот дом на Ѓоковиќ: За луксуз во Мајами платил 6,7 милиони долари ФОТО

saso user

Се искараа сегашната и поранешната сопруга на Шредер

saso user